КОВАЧЕВСКИ ГИ МОЛИ ОПШТИНИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ МЕСТО ДА УЖИВААТ ВО УДОПСТВО И ДА ВАРАТ КАФЕ, ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА СТРУЈА СО ПОПУСТ ЗА УЧИЛИШТАТА И ВОДОСТОПАНСТВАТА

    КОВАЧЕВСКИ ГИ МОЛИ ОПШТИНИТЕ И ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ МЕСТО ДА УЖИВААТ ВО УДОПСТВО И ДА ВАРАТ КАФЕ, ДА СЕ ПРИЈАВАТ ЗА СТРУЈА СО ПОПУСТ ЗА УЧИЛИШТАТА И ВОДОСТОПАНСТВАТАСубјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи до вчера, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1 јануари идната година, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Димитар Ковачевски ги молеше и денеска мрзливите општини и комунални претпријатија што треба училиштата и граѓаните да ги снабдуваат со вода, да си поднесат барање за набавка на струја по повластени цени, неколкукратно пониски од реалната цена за киловат час на пазарот.

    „Овие мерки не се за удопство ниту за државната, ниту за општинската администрација. Ова не се мерки за некој да се ди по канцеларии, да вари кафе, да си состанчи цел ден и да си чита весници. Мерките се за граѓаните, за училиштата пред сè, за да имаат струја и греење. Ние не смееме да дозволиме пак да седат дома, да не учат“, кажа на денешниот прес премиерот Димитар Ковачевски.

    Заклучно со вчера, кога истече рокот, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.

    За физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија ЕСМ нуди повластена цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час, исклучиво за потрошувачката на броилата за директно извршување на приоритетната дејност, односно исклучиво за производствениот процес. За јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици повластената цена ќе биде 95 евра за мегават час исто како и за 365-те основни и 109-те средни јавни училишта и за јавните здравствени установи.

    Субјектите кои не успеале да поднесат комплетни документи до вчера, во следниот период ќе можат да го сторат тоа и ќе бидат ставени на субвенционирано снабдување од 1 јануари идната година, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата.

    Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час, за основните и средните училишта субвенционираната цена ќе биде по 95 евра за мегават час исто како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици.

    Тие фирми кои не сакаат да користат субвенционирана електрична енергија од државата, ќе мора да си ги намалат цените на основните прехранбени производи, зашто во спротивно, како што рече министерот за економија Крешник Бектеши, Владата преку Законот за трговија, ќе им ги ограничи цените, ќе утврди маржи за тие производи.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира