КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА В СРЕДА, ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРУВААТ ДЕКА УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМА

    КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОСКИ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА В СРЕДА, ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОВТОРУВААТ ДЕКА УСТАВНИ ИЗМЕНИ НЕМА ДА ИМАОд средбата на Мицкоски и Ковачевски за францускиот предлог на 3 јуни 2022 година. (Фото: Влада)

    Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски в среда ќе имаат лидерска средба во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток од 11 часот, соопштија од Владата.

    Оттаму велат дека на средбата, на покана на премиерот, „ќе се разговара за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи“.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека до средбата Мицкоски ќе изврши широки консултации со пратеничката група, коалицијата и Извршниот комитет на партијата. Оттаму повторуваат дека „ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова собрание нема легитимитет за таков чекор“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира