КОВАЧКИ ЧИТАШЕ ДЕТАЛИ ОД ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ПЕТРОВСКА, ТАА МУ ОДГОВОРИ ДЕКА СОСТОЈБАТА Ѝ БИЛА ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕГОВИТЕ ЛАГИ

    КОВАЧКИ ЧИТАШЕ ДЕТАЛИ ОД ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ПЕТРОВСКА, ТАА МУ ОДГОВОРИ ДЕКА СОСТОЈБАТА Ѝ БИЛА ПРЕДИЗВИКАНА ОД НЕГОВИТЕ ЛАГИПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки го праша премиерот Димитар Ковачевски дали ќе ја смени министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната седница за пратенички прашања. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, пред да постави прашање до премиерот Димитар Ковачевски дали ќе ја смени Славјанка Петровска, од собраниската говорница прочита детален извештај од психијатриско вештачење за министерката за одбрана, според кој таа мисловно и емоционално не се чувствувала добро.

    „Дали лице кое не може да ја задржи мислата, на кое му се тресат рацете, нема концентрација, прима терапија со седативи три месеци, може да поседува безбедносен сертификат и да биде на министерска функција, башка и во ресорот Одбрана? Нели треба да и најдете порелаксирано место каде ќе нема стресови?”, праша Ковачки, гледајќи се себеси на огромниот екран во пленарната сала, горе, до галеријата на новинарите.

    Место на прашањето да одговори премиерот, на говорница излезе Славјанка Петровска.

    „Да, точно е тоа што го прочитавте и тоа е вештачење за состојба која ми ја предизвикавте лично вие почитуван пратеник Ковачки, со лагите што континуирано ги пласиравте за мене. Тоа беше моја поранешна состојба поради вас, за која ќе го запознаам судот во постапката што ја водам. Јас сега сум добра, како што гледате, и сакам да ве информирам дека за лагата дека армиски разузнавачи се уапсени во Косово што исто така вие ја пласиравте, стигна известување од колегите од Косово оти такво нешто никогаш не се случило. И за ова ќе мора да се видиме на суд”, кажа Петровска.

    Ковачки кажа дека не е задоволен што не ми одговори премиерот и праша – како е можно со ваква нарушена когнитивна, нарушена психичка состојба, Петровска не зела ниту ден боледување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира