КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 11 ЛИЦА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДЕВОЈЧЕТО ОД ДОМОТ „25 МАЈ“

    КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ 11 ЛИЦА ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДЕВОЈЧЕТО ОД ДОМОТ „25 МАЈ“По извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на социјалната инспекција било констатирано несовесно работење во службата и запуштање на малолетно лице. - Министерката Мила Царовска (Фото: Влада)

    Министерството за труд и социјална политика ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против 11 одговорни лица за случајот со малолетното девојче од Домот „25 мај“.

    По извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на социјаланата инспекција било констатирано несовесно работење во службата.

    „Министерството ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против одговорните лица во Центарот за социјална работа – Скопје за „несовесно работење во како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ’запуштање на малолетно лице‘ и за ’несовесно работење во служба‘. Оваа пријава ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година“, велат од Министерството за труд и социјална политика.

    Од Министерството велат дека од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со Законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од страна на стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита.

    Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) минатиот четврток објави дека 13-годишното девојче, било подложено на абортус откако забременила по сексуално злоставување како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“. Според информациите од невладината организација девојчето од „25 Мај“ исчезнало на први март лани, кога според нејзините тврдења постар маж ја зел од домот и ја однел во друг град каде ја принудувал на сексуални односи и на физичка работа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира