Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави против С.И. (48) и Ј.И. (49) од Македонски Брод кои се осомничени дека го предизвикале пожарот кај Македонски Брод на 4 август, соопшти министерството. Од преземените дејствија, велат од МВР, постојат сомненија дека пријавените фрлиле опушок од цигари во сено во дворното место од куќа во нивна сопственост во селото Могилец и предизвикале пожар што подоцна се проширил.
Полициска станица од Македонски Брод поднела и посебен извештај против Д.К. (36) од село Косово, Македонски Брод, кој е осомничен дека предизвикал шумски пожар 25 јули кај селото Требовле. За лицата Р.В. (61) од Скопје и М.С. (82) од Заград се поднесени Записници за констатирани прекршоци за предизвикан пожар во селата Заград и Зркле, Македонски Брод.