КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА ШТО Е САМО ЗА СЛАБИ И НИСКИ ЛУЃЕ

    КРИВИЧНИОТ СУД ЌЕ СЕ СЕЛИ ВО НОВАТА БАРОКНА ЗГРАДА ШТО Е САМО ЗА СЛАБИ И НИСКИ ЛУЃЕЗградата чини 10 милиони евра, но е промашена во проектот и изведбата – Канцелариите на судиите и целиот службен дел во зградата се со низок плафон, кој може да се допре со рака (лево), а проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот оти низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми (десно) (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд Скопје 1 ги почнува подготовките за селење од старата во новата барокна зграда, која е готова уште пред три години, но е промашена во проектот и изведбата иако чини над 10 милиони евра. Oстана проблемот со прениските тавани во ходниците и во кабинетите на судиите и стручните соработници, кои ако сте со висина од 170 сантиметри не само што можете да ги допрете со рака, туку може и да извадите табла или светилка од плафонот.

    Најголемата судница e предвидена за 200 лица. Во неа ќе се суди за предмети од организиран крминал, а преку стакло јавноста ќе биде одделена од учесниците во постапката. Специјална камера со сензори ќе се врти кон странката која ќе зборува, а тоа новинатите, во посебна просторија зад судницата, ќе го следат на големи екрани (Фото: СДК.МК)

    Освен главната судница, која е по европски стандарди, повеќето судници се помали (иако сепак малку поголеми од овие во старата зграда на Кривичниот суд), но проблем е пристапот на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот. Низ нив може да се протне само човек тежок околу 60 килограми.

    И во делот со ходници и судници за странки не се многу повисоки таваните. Секој кат на осумкатницата потсетува на стан на поткровје. Се простира на површина од 8.862 квадратни метри.

    Во т.н. безбедносна соба, ќе се следи целото движење во судот (Фото: СДК.МК)

    Едно од најголемите промашувања во изградбата, како немањето безбеден и посебен влез за полициските комбиња кои ќе спроведуваат притвореници и осудени лица во Основниот суд Скопје 1 за тероризам, насилство, за убиства и организиран криминал, делумно се надминати со доградба на нов пристап од задната страна.

    Барокниот суд почна да се гради уште во времето на министерот Михајло Маневски во 2010. За овој промашен џиновски проект, потрошени се над 10 милиони евра, заем од Светска банка. Проектот го нацртале македонска и италијанска компанија, кажа во февруари, 2010 Маневски.

    Освен главната судница, која е по европски стандарди, повеќето судници се помали, но проблем е претесниот пристап на пултот каде што треба да влезат и да седнат судијата, поротата и дактилографот (Фото: СДК.МК)

    Условите за работа, а особено хигиената во старата зграда кај што е сместен најголемиот суд во Македонија се во делови грозни, па судиите и вработените едвај чекаат да се преселат во новата зграда, и покрај тоа што има промашувања во изведбата и што токму кај нивните канцеларии е клаустрофобично.

    В.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Стојанче Рибарев за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека иако има недостиг на средства, зашто селењето на институција е навистина скапо, сепак, тоа овојпат ќе се случи, според планот, до Нова Година. Најсложениот дел е селењето на ИТ опремата, а за чистењето ќе побара помош од затворите, да испратат осудени лица кои ќе може да помогнат во овој дел, вели Рибарев.

    Барокната зграда на Основниот суд Скопје 1 – Билборд пред новиот Kривичен суд (Фото: СДК.МК)

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира