КРПАЧ ГО СЛЕДЕЛЕ ОТКАКО ПОЧНАЛ СОРАБОТКА СО СЈО

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:129:"ЕденодсведоцитекојпријавилзаканибилиКостаКрпач,дознаваСДК.МК";s:9:"td_source";s:61:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ,ДОЈЧЕВЕЛЕ)

    КРПАЧ ГО СЛЕДЕЛЕ ОТКАКО ПОЧНАЛ СОРАБОТКА СО СЈО

    Сите лица што биле снимени дека влегуваат во СЈО, а кои можеле со свое сведочење да станат потенцијална опасност за засегнатите од постапките на обвинителството биле изложувани на притисок, објави Дојче Веле повикувајќи се на извори во истрагата за смртта на Коста Крпач, сведок во еден од предметите што ги води Специјалното обвинителство.

    Во почетокот на април, судија на претходна постапка одобрил наредба за претрес во домот на Крпач, како и за одземање на документи од Централниот регистар, меѓу кои и за една фирма во која тој во одреден период се јавувал како сопственик. Откако завршила таа постапка, во која тој немал статус на осомничено лице, а била насочена кон истражување активности на други физички и правни лица со кои во еден период Крпач имал деловна комуникација, веднаш се вклучил алармот кај многумина засегнати од истрагата на СЈО, објавува Дојче Веле.

    Од тој момент започнале најтешките денови во животот на Коста Крпач. Ситуацијата кулминирала откако бил виден како влегува во зградата во која е привремено сместено СЈО. Евиденцијата на сите што влегуваат во таа зграда ја вршеле лица од доверба на еден претходно осомничен, а сега аболиран началник во МВР. Следењето траело 24/7, по распоред, шема и пунктови. Сите лица што биле снимени дека влегуваат во СЈО, а кои можеле со свое сведочење да станат потенцијална опасност за засегнатите од постапките на обвинителството, потоа биле изложувани на постојано испрашување, „советување“, широкогради ветувања, а ако тоа не давало резултат, следувале енормни притисоци и закани од засегнатите центри на моќ.

    Тоа му се случувало и на Крпач, без прекин, до кобниот ден. Извори упатени во истрагата, поради суптилноста на информациите поврзани со овој случај, не сакале да ги коментираат за Дојче Веле.

    Без закон за заштита на сведоците, СЈО ги нотира сите притисоци и закани врз сведоците во постапките што ги води, по име и презиме на нарачатели и извршители, а тие сведоци, велат извори од обезбедувањето, се чуваат на друг начин.

    Еден од тие сведоци кој пријавил закани бил и Коста Крпач. Тој не бил човекот за кого СЈО на 1-ви април поднело иницијатива до Собранието да се донесат измени и дополнување на Законот за заштита на сведоци, туку тоа е сторено поради друго лице, но сепак, тој и останатите од групата клучни сведоци од постапките што ги води Обвинителството досега веќе ќе биле во програмата.

    Собранието се распушти без да ги изгласа измените на Законот за заштита на сведоците и да му овозможи на Специјалното обвинителство непречено да ја врши работата. Со тоа му нанесе ненадоместлива штета не само на Обвинителството, туку и на сведоците кои се пријавуваат да соработуваат.

    Крпач во средата беше најден со прострелна рана во градите во својот стан, откако пред тоа наводно пукал врз комбе паркирано пред зградата во скопската населба Капиштец. Истрагата уште не открива дали станува збор за самоубиство.

    Неговото име се појави меѓу 56-те политичари и нивни соработници кои претседателот Ѓорге Иванов ги помилува на 12 април. Одлуката за помилување на Крпач е објавена во Службениот весник заедно со одлуката за помилување на извесни Владислав Стајковиќ и Христијан Панев, за кои не се знае како се нашле на списокот на Иванов за аболиција бидејќи не се политички познати во јавноста.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира