КУЛТУРАТА И ТУРИЗМОТ ВО ФОКУСОТ НА САМИТОТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ ВО ОХРИД

    КУЛТУРАТА И ТУРИЗМОТ ВО ФОКУСОТ НА САМИТОТ „ОТВОРЕН БАЛКАН“ ВО ОХРИД Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со колешките од Албанија Елва Маргарити и од Србија Маја Гојковиќ ја видоа изработката на охридскиот бисер преку традицијата на охридското семејство Филеви. (Фото: Министерство за култура)

    Културата и туризмот се во фокусот на самитот „Отворен Балкан“ што е во тек во Охрид. На денешната панел-сесија на тема „Отворен Балкан, отвора култура”, воведно обраќање ќе има вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, со министерката за култура на Албанија Елва Маргарити, и со вицепремиерката и министерка за култура и информирање на Србија Маја Гојковиќ, ќе дискутираат за важноста на културата во рамките на оваа иницијатива.

    Во неофицијалниот дел вчеравечер, учесниците од од регионот прошетаа од Самуиловата тврдина, преку Античкиот театар, Галеријата на икони и Куќата на Робевци. Видоа и една од најпрепознатливите техники за изработка на охридскиот бисер преку традицијата што ја негува охридското семејство Филеви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира