КУРТИ ОД КОСОВО ЈА ПОВИКА АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА ОД МАКЕДОНИЈА ДА СЕ РЕГИСТРИРА НА ПОПИСОТ

    КУРТИ ОД КОСОВО ЈА ПОВИКА АЛБАНСКАТА ДИЈАСПОРА ОД МАКЕДОНИЈА ДА СЕ РЕГИСТРИРА НА ПОПИСОТКурти во видеопораката вели дека пописот во 2011 бил откажан од непознати причини од режимот на Груевски. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Косовскиот политичар Албин Курти, чија партија победи на неодамнешните парламентарни избори, денеска објави видео на Фејсбук во кое ја повикува албанската дијаспора од Македонија да се регистрира на пописот и објави линк до веб страницата на Државниот завод за статистика.

    Курти во видеопораката вели дека согласно македонскиот Устав, политичките права во земјата ги диктираат бројките и затоа регистрацијата на пописот е исклучително важна. Понатаму, тој вели дека „политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањата, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат од бројот граѓани на двете најголеми државотворни заедници на Северна Македонија“.

    Во тек е попишувањето на дијаспората преку онлајн апликација, а теренското попишување во земјава треба да почне на 1 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира