КУРЦ ВЕЛИ ДЕКА ВЧЕРА СО ПОПОВСКИ БИЛ ПАРТИСКИ, А ДЕНЕСКА ДРЖАВНО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    КУРЦ ВЕЛИ ДЕКА ВЧЕРА СО ПОПОВСКИ БИЛ ПАРТИСКИ, А ДЕНЕСКА ДРЖАВНО

    Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц денеска рече дека ги повикал граѓаните на Македонија да излезат на избори, а за кого ќе го дадат својот глас решаваат само и единствено тие.

    „Овде сум како австриски министер за надворешни работи“, рече тој денеска по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски, кој е носител на листата во изборната единица 1 на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

    „Вчера бев на настан на партијата, присутен како претставник на Народната партија на Австрија. За мене не е невообичаено да се посетуваат настани на сестрински политички партии. Во мојот говор не им посочив на луѓето за кого да гласаат. Ги повикав да излезат на избори, а одлуката треба тие да ја донесат“, рече Курц

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира