ЛАГА Е ДЕКА СИТЕ ЌЕ МОРААТ ДА УЧАТ НЕКОЈ ЈАЗИК, КАЖА ЗАЕВ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА НА ИДНАТА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛАГА Е ДЕКА СИТЕ ЌЕ МОРААТ ДА УЧАТ НЕКОЈ ЈАЗИК, КАЖА ЗАЕВ НА ПРЕТСТАВУВАЊЕТО НА ПРОГРАМАТА НА ИДНАТА ВЛАДА

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска ја претстави програмата за нова влада при што кажа дека информациите дека ќе биде задолжително учење албански јазик се лага, исто како и информациите за казни ако некој не го знае јазикот.

    „Лага е дека сите ќе мора да учат некој друг јазик, албански, турски или некој друг јазик или дека ќе се плаќаат казни, ако некој не знае јазик. Казнени одредби имаше и досега и се однесуваат на институциите кои нема да овозможат примена на законот за јазици“, изјави Заев, кој најави дека паралелно со законот за унапредување на јазиците ќе воведат серија мерки за унапредување на македонскиот јазик.

    За мандатот за формирање влада, Заев рече дека остава на претседателот Ѓорге Иванов да донесе исправна одлука, бидејќи не сака да создава нова пракса од онаа што е воспоставена досега.

    Како дел од програмата за независен и ефикасен правосуден систем, Заев најави и формирање на специјално судско одделение во Основниот суд Скопје 1, задолжено за случаите на Специјалното јавно обвинителство.

    Според Заев, новата влада ќе ја развива земјата кон ЕУ и НАТО и тоа е стратешка одределба на земјата и тие преземаат обврска да ги реализираме итните реформски приоритети содржани во извештајот на Прибе
    Заев најави и целосно расветлување на кумановските настани од мај 2015 година со меѓународна помош.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира