Во 2022 година во Македонија починале 22.459 луѓе, што е намалување за 21,2 отсто во однос на претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика. Во 2021 година починале 28.516 луѓе, додека во 2020 година бројот на умрени лица 25.755 луѓе. Во 2019 година, последната година пред пандемијата на ковид-19, во Македонија починале 20.446 луѓе.
Од вкупно умрените лица лани, поголем број се од машки пол, и тоа 11.868 или 52,8 отсто. Бројот на умрените доенчиња изнесува 58 и нивното учество во вкупниот број на умрените лица изнесува 0,3 отсто на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи има во месец јануари – 2.802. Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71,5 години, односно 75,8 години кај лицата од женски пол или повисока просечна возраст за 4,3 години се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа 41,3 отсто случаи од вкупно умрените, потоа се случаите кај кои како причина за смртта се јавуваат неоплазмите со 17 отсто, со 6,8 отсто се застапени случаите кај кои причина за смртта е вирусот ковид-19.