ЛАЖГО ОД КАМПАЊАТА НА ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ТРАМП ГО ПОДДРЖУВА ГРУЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЛАЖГО ОД КАМПАЊАТА НА ТРАМП ТВРДИ ДЕКА ТРАМП ГО ПОДДРЖУВА ГРУЕВСКИ

    Американскиот свештеник Мајк Барнс, кој во интервју за „Гласот на народот“, пренесено од државната агенција МИА тврди дека Доналд Трамп е запознаен со работата на Груевски и му дава целосна поддршка, во САД беше разоткриен како измамник уште пред два месеца.

    Делови од интервјуто вечерва беа прераскажани во ударните вести на повеќе македонски телевизии.

    Барнс, кој беше вклучен во изборната кампања на новиот американски претседател и редовно го најавуваше на митинзите, во својата биографија на сајтот на црквата имаше наведено дека има факултетска диплома и дека служел во армиските резерви. Но, пред два месеца „Си-Ен-Ен“ го разоткри како лажго од таборот на Трамп.

    Соочен со фактите, Барнс во интервју за американската телевизија „Си-Ен-Ен“ на 3 септември призна дека фалсификувал дел од професионални постигнувања во својата биографија. Барнс, кој е свештеник од Јужна Каролина, никогаш не служел во армиските резерви, туку бил во Националната гарда на Јужна Каролина, од каде си заминал во 2008 година. Исто така, од Универзитетот Норт Гринвил за „Си-Ен-Ен“ откриле дека тој учел на универзитетот само еден семестар.

    Барнс призна дека не дипломирал и првин тврдеше дека неговата биографија е манипулирана или хакирана, но потоа рече дека преувеличал некои детали од биографијата, бидејќи, како што кажа тој, се плашел да не не биде сфатен сериозно во неговата црква.

    „Господинот Трамп е запознаен со работата на господинот Груевски и му ја дава неговата целосна поддршка за сето она што тој го прави за македонскиот народ. Очекуваме да го добие повторно мандатот од народот на престојните избори во декември, бидејќи сметаме дека Никола Груевски ќе продолжи со истата ангажираност што досега ја правеше за подобар економски развој и за безбедноста на државата“, изјави Барнс за „Гласот на народот“, а пренесе државната МИА.

    Во истото интервју, Барнс гарантира дека со изборот на Трамп за претседател на САД нема да се дозволи промена на името на Македонија.

    ВМРО-ДПМНЕ плаќа на лобисти за промоција на партијата во САД, но името на Барнс не се појавува во официјално достапните договори за исплати. Од ноември лани, партијата ѝ плаќа на компанијата „Дашл груп“ по 49.500 долари месечно за промоција на партијата. Според документи објавени на Американската државна агенција за регистрација за странски соработници во Министерство за правда, за сума од 49.500 американски долари месечно Дашл груп ѝ обезбедува на партијата стратегиско консултирање за политичките и јавни прашања пред владата на САД, застапувајќи ги интересите на партијата.

    Линк од признанието на Барнс за „Си-Ен-Ен“ – Trump surrogate admits falsifying biographical claims

    Линк од веста на МИА – Марк Барнс: Трамп нема да дозволи промена на името Република Македонија

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира