Американската амбасада во Скопје ја демантираше веста што се прошири на социјалните мрежи дека претседателот Доналд Трамп ги укинал визите за македонските граѓани и соопшти дека нема промена на визниот режим на САД.
„Сајтот со лажни вести ‘Ју-Ес-Еј Телевижн’ објави приказна на 29 март со тврдење дека претседателот Трамп потпишал извршна наредба со која им се дозволува на македонските граѓани да патуваат во САД без виза. Тоа не е вистина“, објави Американската амбасада на Фејсбук.
Од Амбасадата велат дека листата на земји за кои нема визи не е променета и потсети дека во јануари и февруари истата лажна приказна била објавена за земји од Азија, Карибите, Колумбија, Јужна Африка, Гана и Малави.