ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН И ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    ЛЕНЧЕ ЗДРАВКИН И ДЕНИС ЈАНКУЛОВСКИ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА „МЕТО ЈОВАНОВСКИ“ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВАНаградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година во 12 часот во Собранието. (Фото: Фејсбук)

    Годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права се Денис Јанкуловски и Ленче Здравкин, соопшти Одборот за доделување на наградата.

    Медицинскиот техничар од Центарот за јавно здравје Денис Јанкуловски беше во првите борбени редови во борбата против коронавирусот и промовираше одговорно однесување на социјалните мрежи.

    Хуманитарката Ленче Здравкин им помагаше на мигрантите кои поминуваа по железничка пруга за време на бегалската криза. Таа го отвори својот дом и несебично им пружаше помош на бегалците.

    Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември 2022 година во 12 часот во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира