Левица соопшти дека ја исклучила од своите редови директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје Снежана Стојчевска поради, како што велат од партијата, извесно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата. Од партијата велат дека таа во соработка со ВМРО-ДПМНЕ местела конкурси за вработување.
„Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен договор со ДПМНЕ и со Министерот за локална самоуправа во Владата на Мицкоски, Златко Перински – како претендент за следен деструктивен кандидат за Градоначалник на Град Скопје, е фатена на дело како мести конкурси за вработување, ги злоупотребува своите овластувања за остварување лични интереси и за ухлебување пријатели во институцијата – свои и на министерот Перински“, се вели во соопштението на Левица.
Оттаму додаваат дека „откриеното несовесно работење на дотичната резултира и со намалување на фондот на изнајмени книги за 30%, како и со влошување на севкупната работна атмосфера во Библиотеката“.
Тие ѝ забележуваат на директорката дека ненаменски трошела буџетски пари за сомнителни службени авионски патувања во странство, како и за затворањето на третата смена на студентските читални среде испитна сесија, што се случува за првпат во историјата.
„Како резултат на овие злоупотреби, Президиумот на Левица го поништува нејзиното партиско членство како што и ќе постапи секогаш кога ќе открие неморално однесување кај своите членови кои вршат јавна функција“, велат од Левица и ја повикуваат директорката да поднесе оставка, а ако тоа не се случи скопската градоначалничка Данела Арсовска да ја разреши.
Партијата Левица во Советот на Град Скопје има 4 советнички места.
Останете поврзани со САКАМДАКАЖАМ.МК
Добивајте ги најважните вести и ексклузивните приказни и содржини директно на вашиот мобилен телефон преку нашите канали на Viber и WhatsApp. Бидете информирани во секое време и насекаде.
Придружете се на нашиот Viber канал овде: SDK.MK VIBER или претплатете се на нашиот WhatsApp канал овде: SDK.MK WHATSAPP
Не пропуштајте ги вестите што ви значат најмногу. Придружете се денес и останете информирани со проверени вести, директно на вашиот телефон.