Партијата Левица самостојно ќе настапи на предвремените парламентарни избори на 11 декември откако нивната иницатива за обединет настап на сите антирежимски партии била целосно игнорирана од опозицијата, потврди за „Мета“, Здравко Савески, член на президиумот на Левица.
„На централниот комитет, кој се одржа во неделата, на 16 октомври, по гласањето на локалните разграноци, донесовме одлука самостојно да настапуваме на изборите. Оваа одлука ја донесовме по игнорирањето на нашата иницијатива од опозициските партии за обединет настап на изборите на сите антирежимски партии, преку непартиски граѓански листи на кои ќе бидат кандидирани истакнати борци против режимот кои не се членови на партии“, вели Савески.
Тој вели дека е особено загрижувачко тоа што речиси ни една опозициска политичка партија воопшто не дала одговор на нивната понудена иницијатива, а за одговор ги удостоиле само од Либерална партија и од ПЕИ, за кои иницијативата не била прифатлива.