ЛИЧНО СЕ ЗАЛОЖИВ БУГАРИЈА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО, МАКЕДОНСКАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА Е ВО ИНТЕРЕС НА ИТАЛИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЛУИЏИ ДИ МАЈО

    ЛИЧНО СЕ ЗАЛОЖИВ БУГАРИЈА ДА ГО ТРГНЕ ВЕТОТО, МАКЕДОНСКАТА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА Е ВО ИНТЕРЕС НА ИТАЛИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ЛУИЏИ ДИ МАЈОДи Мајо кажа дека лично се заложил да се надмине ветото на Бугарија, оти тоа е во интерес на Италија (Фото: Твитер)

    Билатералните прашања не смеат да ја блокираат интеграцијата на земјите-кандидатки за членство во Европска Унија, истакна италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо на денешната средба со својот македонски колега Бујар Османи во Рим. Тој порача дека лично се заложил да се надмине ветото со кое Бугарија го блокираше одобрувањето на преговарачката рамка.

    „Во добра насока одат напорите на Скопје и Португалија, актуелниот претседавач на Европска Унија, да се продолжи дијалогот со Бугарија. Убедени сме дека европската интеграција на Северна Македонија има клучна улога во стабилноста на регионот и европското семејство не е комплетно додека не ги прими сите земји од Западен Балкан. На тој начин конечно ќе им се излезе во пресрет на младите, кои имаат силни очекувања за својата иднина во Европа. На министерот Османи му ја нагласив нашата решеност да се прифати преговарачката рамка и да се свикаат меѓувладините конференции до крајот на првото тримесечје на 2021. Реформите и влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ се во апсолутен интерес и на Италија и на целиот блок“, изјави Ди Мајо.

    Во поглед на снабдувањето со вакцини против ковид-19, тој кажа дека Италија и ЕУ од почетокот на оваа здравствена криза се заложија да му помогнат на Западен Балкан, но тоа моментално се соочува со ограничувања.

    „Ќе продолжиме да даваме помош штом условите ќе го дозволат тоа. Потешкотиите со кои се сретнавме во Европа не дозволија да се продолжи со планираниот ритам на вакцинирање“, кажа Ди Мајо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира