ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ОТКАЖАНА ОТИ МИЦКОСКИ НЕ ДОАЃА

    ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ОТКАЖАНА ОТИ МИЦКОСКИ НЕ ДОАЃАЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во вторникот, кажа дека ќе присуствува на лидерската средба само ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори. - Христијан Мицкоски и Тања Каракамишева на лидерската средба минатиот јули (Фото: СДК.МК)

    Лидерската средба, која што премиерот Зоран Заев ја закажана за денеска, нема да се одржи бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја одби поканата и нема да присуствува, објави „Дојче Веле“, повикувајќи се на партиски извори. Како што кажа Заев на прес-конференција во понеделникот, на лидерската средба требаше да се разговара за Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши иднината на СЈО и е услов за добивање датум за преговори со ЕУ, Изборниот законик и за пописот.

    Мицкоски, на прес-конференција во вторникот, кажа дека ќе присуствува на лидерската средба само ако се разговара за датум за предвремени парламентарни избори.

    „Гледам дека Заев повикува на лидерска средба во петок, а јас ќе одговорам дека не ја гледам потребата од мое присуство на средба на која ќе се разговара за сè и тоа ќе биде алиби, а нема да се разговара за тоа што денес е потребно на Република Македонија, датум кога ќе имаме предвремени парламентарни избори“, рече тогаш Мицкоски.

    Утредента, Заев му одговори на Мицкоски дека нема намера да исполнува желби за предвремени избори.

    „Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам. Мицкоски бара избори, па еве нека дојде на лидерската средба за Изборен законик да зборуваме. Јавното обвинителство не е мое, тоа е на сите што се бориме за правна држава. Мицкоски вели ќе го направи пепел СЈО. Зошто, оти се води истрага против високи членови на ВМРО-ДПМНЕ? Попис само ние и Сомалија немаме направено, да чекаме ли уште 10 години?“, рече Заев во средата.

    На лидерската средба требаше да присуствуваат и лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на АА Зијадин Села, кои ја прифатија поканата на Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира