„ЛИДЛ“ ПОЧНУВА СО КАМПАЊА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    „ЛИДЛ“ ПОЧНУВА СО КАМПАЊА ЗА ВРАБОТУВАЊЕОбуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи.(Фото: Лидл)

    Компанијата „Лидл“  започнува кампања за вработување за работни позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата. Со слоганот „Добра игра. Фер плеј“, оваа кампања има за цел да ги доближи можностите што ги нуди „Лидл“ како работодавач и да охрабри што поголем број заинтересирани лица да станат дел од тим кој функционира врз принципи на фер однос, транспарентност и почит.

    „Лидл Северна Македонија“ нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени, велат од компанијата.

    Обуките траат од 6 до 8 недели и се дизајнирани да им овозможат на кандидатите да се стекнат со практични знаења и вештини потребни за успешно извршување на работните задачи.

    Од компанијата велат дека работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво и дека во таква средина, секој вработен е важен, ценет и поддржан, а тимската работа е клучен фактор за успех.

    „Со кампањата ‘Добра игра. Фер плеј‘ сакаме да испратиме јасна порака дека во ‘Лидл‘ секој има шанса да биде дел од тим кој функционира по јасни правила, со фер однос и со почит кон секој поединец. Нашата цел е да изградиме силен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со компанијата. Веруваме дека вложувањето во луѓето е клучот за долгорочен успех и токму затоа создаваме средина во која развојот и напредокот се реални и достижни“, изјави Теодора Хаџи- Димова Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл Северна Македонија“.

    Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, компанијата работи според воспоставени системи и процеси кои се развивани со децении и сега се применуваат и на македонскиот пазар. Ова овозможува сигурна и стабилна работна средина, како и јасни можности за учење, професионален развој и напредување. Компанијата работи транспарентно и во согласност со сите законски норми, обезбедувајќи им на вработените сигурност и стабилност, но и дополнителни придобивки што придонесуваат за подобар квалитет на живот, вклучувајќи приватно здравствено осигурување и проширени здравствени прегледи.

    Со своето децениско меѓународно искуство, покрај отворањето нови работни места, „Лидл“ поставува и нови стандарди во однос на работните услови, организацијата и грижата за вработените, активно придонесувајќи кон унапредување на пазарот на труд.

    Повеќе информации за процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk/mk/karavan

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира