ЛИЛА НЕ ПЛАТИЛА ДАНОК ЗА 260.000 ЕВРА ШТО ГИ ЗЕЛА ЗА ПРОЕКТ НА БОКИ 13, ВЕЛАТ ОД ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА

    ЛИЛА НЕ ПЛАТИЛА ДАНОК ЗА 260.000 ЕВРА ШТО ГИ ЗЕЛА ЗА ПРОЕКТ НА БОКИ 13, ВЕЛАТ ОД ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈАНа Лила Стојановска и биле исплатени 260.000 евра од Друштвото за изградба и инжинеринг „Дан Мак“ Скопје, по основ на склучен Договор за изготвување на проект за интернационална асоцијација за заштита на човековите права. (Фото: К.Попов)

    Финансиската полиција поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против водителката Лила Стојановска заради даночно затајување. Стојановска се товари дека во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари (260.000 евра). Парите биле исплатени од Друштвото за изградба и инжинеринг „Дан Мак“ Скопје, по основ на склучен Договор за изготвување на проект за интернационална асоцијација за заштита на човековите права

    „Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи. Не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари (29.000 евра), за кој износ го оштетила буџетот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

    Кривичната пријавата од Финансиската полиција следува откако кај нив била поднесена пријава од Друштвото за изградба и инжинеринг „Дан Мак“ Скопје и лицата Е.Н. и Д.Н. На сопствениците на фирмата Лила Стојановска им ветила дека со вложување во проектот за интернационална асоцијација за заштита на човекови права, ќе им обезбеди донации од 3,5 милиони евра.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира