ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ КАМПУВААТ СПРОТИ СОБРАНИЕ, БАРААТ ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВА

    ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ УТРЕ ПОВТОРНО ЌЕ КАМПУВААТ СПРОТИ СОБРАНИЕ, БАРААТ ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВАДенеска пред Собранието лицата со посебни потрреби наредија знаменца со нивната иницијатива.

    Граѓанската иницијатива „5 до 12“ и месецов од 20-ти до 22-ри ќе кампува во паркот Жена Борец спроти Собранието. Лицата со посебни потреби, нивните родители и пријатели на овој начин веќе трет пат се обидуваат да влијаат на јавноста и на носителите на јавни функции да преземат мерки со кои ќе им се олесни животот на овие луѓе.

    „Ги повикувам сите лица со попреченост, хендикеп или посебни потреби, заедно со нивните родители и семејства, да ја поддржат иницијативата и заедно да покажеме колку нѐ има, и да кажеме дека не отстапуваме од нашите ставови, сѐ до конечно исполнување на нашите барања“, велат од граѓанската иницијатива „5 до 12“.

    Сузана Стојановска, од здружението на лица со Даунов синдром „Трисомија 21“, вели дека ги повикуваат одговорните во Собранието и новата Влада, да дадат поддршка за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби.

    „Со Вашето присуство на настанот, ќе покажете дека ги почитувате лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби, и ќе се заложите за изедначување на нивните права согласно Уставот“, вели Стојановска.

    Во граѓанската иницијатива учествуваат голем број здруженија на пациенти или лица со посебни потреби. Тие денес во паркот Жена Борец и пред Собранието наредија знаменца со нивната иницијатива, а за утре рекоа дека им било најавено дека ќе се видат со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира