ЉУБЕ БОШКОСКИ ГО ДОБИ СЛУЧАЈОТ ВО СТРАЗБУР, НЕМАЛ ФЕР СУДЕЊЕ ВО „КАМПАЊА“, ЗА КОЈ ОДЛЕЖА 5 ГОДИНИ ЗАТВОР

    ЉУБЕ БОШКОСКИ ГО ДОБИ СЛУЧАЈОТ ВО СТРАЗБУР, НЕМАЛ ФЕР СУДЕЊЕ ВО „КАМПАЊА“, ЗА КОЈ ОДЛЕЖА 5 ГОДИНИ ЗАТВОРНајголемата повреда на ова негово право е направено кај сослушувањето на негов пријател и близок човек, кому првостепениот судија му одобрил статус на загрозен сведок, без потреба. Тој загрозен сведок за кој Љубе тврдеше дека не е загрозен, бидејќи се пријатели и никогаш не му се заканил, се сослушуваше на седници зад затворени вратии, со мутирани лик и глас. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата Љубе Бошкоски имал неправично судење во случајот „Кампања“ за кој доби 7 години затвор, а со намалување на казната, одлежа 5 во „Идризово“. Европскиот суд за човекови права денеска пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци и согласно Европската конвенција за човекови слободи и права, треба да му бидат исплатени 4.500 евра за нематеријална штета и 1.220 евра за трошоци и расходи.

    Најголемото загрозување на ова негово право е направено кај сослушувањето на негов пријател и близок човек, кому првостепениот судија му одобрил статус на загрозен сведок, без потреба. Тој загрозен сведок за кој Љубе тврдеше дека не е загрозен, бидејќи се пријатели и никогаш не му се заканил, се сослушуваше на седници зад затворени врати, со мутирани лик и глас.

    Судот посочува дека истражен судија решил да му додели статус на заштитен сведок на пријател на Бошкоски, „водејќи сметка за стравувањата што тој ги изразил во врска со неговата безбедност и безбедноста на неговото семејство и природата и сериозноста на наводните престапи“. Поради тоа, додава Судот, биле направени посебни прилагодувања за да може да се сослуша сведокот преку систем за видео пренесување, при што неговиот глас беше мутиран, а лицето замаглено.

    „Специјалните процедури беа задржани и во текот на судењето, а судијата од Основниот суд сметаше дека се уште постојат закани за сведокот. Судијата од првостепениот суд нареди три рочишта да се одржат зад затворени врати, за време на кои требаше да се сослуша заштитениот сведок и да се прегледаат аудио и видео снимки, како дел од тајното следење на средбите меѓу жалителот и сведокот“, стои во пресудата на Судот во Стразбур.

    Пресудата за незаконско финансирање на изборната кампања на партијата на Бошкоски, како што се наведува и во одлуката на Европскиот суд, донесена е во 2011 година ин токму врз база на изјавата на загрозениот сведок и на мислењата на повеќе експерти, на фотографии од конфискуваните пари и на аудио и видео записи што биле презентирани во предметот.

    Во 2017 година од страна на Специјалното обвинителство беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошкоски во „Кампања“, против тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков и седуммина припадници на „алфите“ во МВР.

    Судењето почна на 28.02.2018 година, беа пуштени разговори во врска со подготвување и ситење на тортурата што му била вршена при апсењето во 2011 година, а на 22.10.2019 година, пред самиот крај, судењето се врати отпочеток. Се смени судечкиот совет во Основниот кривичен суд, поротник излезе од него зашто си нашол работа, а за овој случај немаше резервен. Судењето уште трае, за разлика од тоа за „Кампања“, каде Љубе беше уапсен во јуни 2011 година, а судењето наврши во ноември, за околу три месеци.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира