ЉУДМИЛ КЉУСЕВ ОСУДЕН НА 26 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ВО САД ЗА НЕЛЕГАЛНО ДИСТРИБУИРАЊЕ НАРКОТИЦИ

    ЉУДМИЛ КЉУСЕВ ОСУДЕН НА 26 МЕСЕЦИ ЗАТВОР ВО САД ЗА НЕЛЕГАЛНО ДИСТРИБУИРАЊЕ НАРКОТИЦИ

    Људмил Кљусев, синот на првиот македонски премиер Никола Кљусев, е осуден на 26 месеци затвор и на парична казна од 17.500 долари за нелегално дистрибуирање наркотици како и за измама со здравствена заштита, објави агенцијата „Мета“, повикувајќи се на соопштение на Министерството за правда на САД.

    Кљусев, кој во САД работеше како психијатар, бил осуден од страна на американскиот окружен судија Алвин Томпсон во Хартфорд, Тој беше уапсен на 12 ноември 2015 година, и обвинет дека на пациентите им препишувал големи количества лекови „aдерал“ и „занакс“ (кај нас познат под името „хелекс“) за кои тие му плаќале во готово.

    „Истрагата, која вклучува доверливи сведоци и полицаец на тајна задача кој се претставувал како пациент, откри дека Кљусев ги препишувал лековите без целосен медицински преглед на пациентите, препишувал рецепти без потврда на состојбата која бара медицински третман со овие лекови и издавал рецепти во замена за пари на пациенти кои покажувале злоупотреба на дроги и зависничко однесување. Тој, исто така, им наредувал на вработени да потпишуваат рецепти од него, кога тој бил надвор од земјата. Во 2014 и 2015 година, Кљусев незаконски фактурирал од приватни здравствени осигурителни компании околу 76.983 долари за извршени медицински услуги кога тој бил надвор од земјата“, се вели во соопштението.

    Кљусев се согласил да му ја одземат ординацијата. Од неговата канцеларија на денот на апсењето биле запленети 173.095 долари. Тој, исто така, се согласил да се откаже од дополнителни 117.431 долари кои биле на неговата службена сметка, и да плати надомест во износ од 76.983 долари.
    Пред изрекување на пресудата Кљусев се наоѓаше во притвор, а на 30 ноември 2016 година се изјасни за виновен.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира