МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА ЌЕ СИ ГИ ПРИЗНАВААТ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИ

    МАКЕДОНИЈА И ГЕРМАНИЈА ЌЕ СИ ГИ ПРИЗНАВААТ ВОЗАЧКИТЕ ДОЗВОЛИФото: СДК.МК

    Владата го усвои извештајот за преговорите меѓу Македонија и Германија со кои се врши меѓусебно признавање на возачките дозволи.

    „Ова претставува последна фаза пред потпишување на Декларацијата од Македонија и од Германија, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината)“, стои во соопштението од денешната владина седница.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира