МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 160 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМОШ ОД ЕУ ПРОТИВ КОРОНАКРИЗАТА

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 160 МИЛИОНИ ЕВРА ПОМОШ ОД ЕУ ПРОТИВ КОРОНАКРИЗАТАПакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина. (Фото: ЕУ)

    Македонија треба да добие 160 милиони евра помош, во рамките на финансискиот пакет што денеска го одобри Советот на ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија изнесува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

    Најголем износ е предвиден за Украина, со 1,2 милијарди евра.

    Помошта земјите ќе ја добијат во облик на заеми под поволни услови за да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

    „Заедно со Меѓународниот монетарен фонд, овие фондови ќе помогнат да се зајакне макрофинансиската стабилност и да се создаде простор да се овозможи овие ресурси да бидат насочени кон заштита на граѓаните и ублажување на негативните социоекономски последици од пандемијата на коронавирусот“, соопшти Советот на ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира