МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ПОДОБРИ ОДНОСИТЕ СО СОСЕДИТЕ, РЕКОЛ ЗАЕВ НА СРЕДБАТА СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОТ ПЛОМП

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ПОДОБРИ ОДНОСИТЕ СО СОСЕДИТЕ, РЕКОЛ ЗАЕВ НА СРЕДБАТА СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОТ ПЛОМППремиерот Зоран Заев очекува Македонија наесен да добие чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ и отворање на вратите за членство во НАТО. - Од средбата со Ххландскиот амбасадор Ваутер Пломп

    Подобрување на добрососедските односи, активно вклучување на граѓанскиот сектор и инклузивни политики во државата е целта на политиките на новата влада, му рекол премиерот Зоран Заев на холандскиот амбасадор Ваутер Пломп на денешната средба.

    На средбата, премиерот Заев потенцирал дека новата влада ќе води инклузивни политики во државата, со активна вклученост на невладиниот сектор и на опозицијата, како и подобрување на добрососедските односи, со што новата Влада покажува поинаков, одговорен начин на решавање на потребите и проблемите на граѓаните, низ почитување на европските демократски вредности.

    „Очекуваме тоа да придонесе Република Македонија наесен да добие чиста препорака за почеток на преговори со ЕУ и отворање на вратите за членство во НАТО“, вели премиерот Заев.

    Холандскиот амбасадорот Пломп кажал дека постои видлив ентузијазам во државата од работата на новата Влада во првиот месец од формирањето и изрази уверување дека таквиот начин на работа ги отвора перспективите на Република Македонија и на нејзините граѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира