Во Македонија е забележано третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години, според податоците на Евростат, генерален директорат на Европската комисија задолжен за статистички информации.
Евростат ја следеше цената на лебот во европските земји во последните пет години и податоците покажуваат дека во тој период лебот во Македонија поскапил за 65%.
Најголемото поскапување е регистрирано во Унгарија од 113%, а на второто место е Полска со порастот од 75%.
Со значајно поскапување на лебот се истакнуваат и Словачка од 62% и Хрватска од 58%, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54%, а во Србија за 39%.
Земјите со најмал пораст на цената на лебот се Швајцарија – 8%, Финска – 17%. Франција – 20% и Шведска – 20%.