МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДЕЛУМНО СЛОБОДНА ЗЕМЈА, СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА ФРИДОМ ХАУС ЗА 2018

    МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДЕЛУМНО СЛОБОДНА ЗЕМЈА, СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА ФРИДОМ ХАУС ЗА 2018Од вкупно 195 држави во извештајот, 49 не се слободни, 58 се делумно слободни, а 88 се слободни. - Мапа на земјите од извештајот на „Фридом Хаус“, организација која истражува и промовира демократија, политички слободи и човекови права (Фото: Фридом Хаус)

    Во најновиот годишен извештај на американската невладина организација „Фридом хаус“, Македонија останува во групата делумно слободни земји со коефициент 58, еден поен подобро од лани. Покрај Македонија, од регионот како делумно слободни земји се оценети уште Албанија, Косово и БиХ.

    „Во Македонија, посредувањето на Вашингтон и Брисел помогна да се разреши долгогодишната политичка криза, поплочувајќи го патот за нова, демократски избрана влада“, пишува за Македонија во извештајот насловен „Слободата во светот“.

    Од вкупно 195 држави во извештајот, 49 не се слободни, 58 се делумно слободни, а 88 се слободни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира