МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ 450 МИЛИОНИ ЕВРА СО КАМАТА ОД 5,6% НА СЕДУМ ГОДИНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ 450 МИЛИОНИ ЕВРА СО КАМАТА ОД 5,6% НА СЕДУМ ГОДИНИ

    Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, соопшти вечерва Министерството за финансии.

    Министерството тврди дека тоа се „исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата“ и ја обвини опозицијата дека ако не правела злонамерни опструкции и попречувања каматната стапка ќе била  поповолна, односно под 5 % годишно.

    „Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат“ соопшти Министерството за финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари