Македонија денеска забележа најмногу регистрирани новозаболени од КОВИД-19 по 25 април. Тогаш имаше 41 позитивни на коронавирус од 729 тестирани, а во изминатите 24 часа се потврдени 40 нови случаи од направените 549 тестови. Од вкупната бројка тестирани 209 се во рамките на скринингот во градинките, каде што е регистриран еден позитивен случај.
Овој пораст на нови регистрирани заболени од КОВИД-19 доаѓа по 18 дена откако беа регистрирани само петмина новозаразени. На 6 мај во Скопј не беше регистрирани ниту еден позитивен за првпат по речиси два месеца. Од тогаш наваму, иако Министерството за здравство во меѓувреме објави дека епидемијата е ставена под контрола, во неколку наврати имаше повеќе од 30 новозаразени во еден ден.