37-годишен македонски државјанин е еден од тројцата странци киднапирани и убиени во авганистанскиот главен град Кабул, потврдија властите за „Би-Би-Си“. Тројцата работеле како готвачи за француската компанија „Содексо“. Полицијата вели дека станува збор за терористички напад.
Според истрагата, тројцата биле киднапирани од нивниот автомобил додека оделе кон аеродромот. Нивните тела биле пронајдени во областа Мусахи. Засега ниту една група не презеде одговорност за убиствата. Другите двајца убиени се од Малезија и Индија.
Од македонското МНР велат дека испратиле барање за официјална информација до авганистанските институции и по добивање на официјална информација од авганистанските власти, согласно законските процедури, МНР ќе го извести МВР.