МАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ ВО ЛИБАН СЕ БЕЗБЕДНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ТАМОШНАТА МИСИЈА НА ОН

    МАКЕДОНСКИТЕ МИРОВНИЦИ ВО ЛИБАН СЕ БЕЗБЕДНИ ПО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ТАМОШНАТА МИСИЈА НА ОН

    Македонските мировници се неповредени и безбедни откако израелската војска денеска ги нападнала позициите што ги користат мировниците на Обединетите нации во Либан. Од Министерството за одбрана потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК дека тројцата македонски мировници во Либан се добро.

    Во контакт сме со нашите мировници, кои се стационирани во различни бази“, кажаа од Министерството.

    Мисијата на УНИФИЛ објави дека двајца нејзини мировници од Индонезија се повредени кога израелски тенк пукал кон караула во главното седиште на силите во Рас ал-Накура. Притоа била погодена кулата и мировниците паднале.

    Извор од Обединетите нации кажа за „Ројтерс“ дека во изминатите 24 часа имало уште два вакви напада, во кои немало жртви.

    Секој намерен напад врз мировниците е грубо кршење на меѓународното хуманитарно право. Во контакт сме со израелската војска“, објави УНИФИЛ.

    Внатрешните сили на ОН во Либан моментално имаат околу 10.000 мировници од 50 држави.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира