МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ГО ОДОБРИ ПРИЕМОТ НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТО

    МАКЕДОНСКОТО СОБРАНИЕ ГО ОДОБРИ ПРИЕМОТ НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ВО НАТОФинската премиерка Сана Марин со македонскито премиер Димитар Ковачевски на пречекот пред владата во Скопје на 20 јуни. (Фото: К. Попов)

    Македонското Собрание денеска ги ратификуваше протоколите за прием на Шведска и Финска во НАТО. „За“ гласаа 103 пратеници, а „против“ беа двајца пратеници. „За“ гласаа пратеници од власта и опозицијата, а „против“ беше Левица.

    За да станат Шведска и Финска членки на НАТО потребно е сите 30 членки да ги ратификуваат протоколите, а пред Македонија тоа го направија 17 други членки. Македонија е членка на НАТО од 27 март 2020 година.

    Шведска и Финска се решија да му се приклучат на НАТО по руската инвазија на Украина, а процедурата официјално почна на 5 јули, кога амбасадорите на 30-те членки во НАТО ги потпишаа протоколите. 

    На седницата во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и претставници на дипломатскиот кор.

    „Со овој чин Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата стратешка определба за целосна поддршка за политиката на отворени врати на НАТО и неговото проширување. Зачленувањето на Кралството Шведска и на Република Финска во Северноатлантската Алијанса е мошне важен чекор за зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа, имајќи ја предвид агресијата на Руската Федерација кон Украина“, соопштија од Владата по ратификацијата во Собранието.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира