„МАКПЕТРОЛ“ ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА МЕТАНОТ ЗА 13 ОТСТО

    „МАКПЕТРОЛ“ ЈА НАМАЛИ ЦЕНАТА НА МЕТАНОТ ЗА 13 ОТСТОСпоредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден/кг. (Фото: Макпетрол)

    „Макпетрол“ во февруари ги намали цените на метанот и на природниот гас како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, соопшти компанијата.

    Споредено со јануари, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува 96 ден/кг. За 204 евра за 1.000 нормални метри кубни, пак, се намалува цената за природниот гас.

    „Имајќи ја предвид нашата долгогодишна професионална соработка со ‘Гаспром’, како и поради фактот што ‘Макпетрол’ е единствената компанија што од земјава потпишува и остварува вакви договори, така и на овој план постигнавме одлична спогодба, што ни обезбеди цена за 30 проценти пониска од берзанската. И покрај глобалната енергетска криза, за нашите деловни партнери во февруари тоа ќе се рефлектира со подобрена понуда и во малопродажбата на метанот и во големопродажбата на природниот гас“, велат од компанијата.

    Од компанијата додаваат дека и покрај енергетската криза што го зафати секој дел од светот, а нејзиното влијание особено се чувствува на европскиот континент, „Макпетрол“ врши стабилна и навремена испорака и на ЦНГ-метанот и на природниот гас. Продолжувајќи во насока на досегашната политика на компанијата, „Макпетрол“ и во периодот што следува ќе продолжи да инвестира и да го унапредува овој сегмент од своето работење.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира