МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, ВЕЛИ ДЕКА СЕ ОТВОРА НОВА СТРАНИЦА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

    МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Ѝ ЧЕСТИТАШЕ НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА, ВЕЛИ ДЕКА СЕ ОТВОРА НОВА СТРАНИЦА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ ПРИЈАТЕЛИПораката на Макрон на македонски јазик на Фејсбук. (Фото: принтскрин)

    Францускиот претседател Емануел Макрон со порака на македонски јазик „до македонските пријатели“ ѝ ја честиташе победата на Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори во Македонија. Истовремено, тој ја поздрави и посветеноста на досегашниот претседател Стево Пендаровски, додавајќи дека Франција ќе продолжи да ја поддржува европската иднина на земјата.

    „Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели. Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател. Франција останува на страната на Северна Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина“, напиша Макрон на Фејсбук.

    На иницијатива на Макрон, во јули 2022 година беше изготвен францускиот предлог за надминување на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Но, блокадата остана, бидејќи францускиот предлог, меѓу другото, предвидува Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира