Седумнаесетгодишната девојка која вчера беше повредена на железничка станица е во стабилна состојба, но има 30 отсто изгореници на телото од трет степен, ни изјави директорот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), д-р Александар Трајановски. Директорот додава дека девојката не е на машина и контактибилна.
Како што соопшти МВР, вчера во 13:41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица Маџари повреди од струен удар добила 17-годишна малолетничка од село Волково, Скопско.
„Според пријавеното, таа се качила на вагон и притоа дошло до струен удар и се здобила со повреди. Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ за укажување лекарска помош, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител“, вели МВР.
Б. НЕСТОРОСКА