МЛЕКОМАТ СО МАНАСТИРСКО МЛЕКО ПОСТАВЕН ВО КИЧЕВО СО ПОДДРШКА ОД ЕУ

    МЛЕКОМАТ СО МАНАСТИРСКО МЛЕКО ПОСТАВЕН ВО КИЧЕВО СО ПОДДРШКА ОД ЕУМлекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови (Фото:МРФП)

    Во центарот на Кичево денеска беше ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија. Жителите на Кичево и околината ќе си точат свежо кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.

    Млекоматот е обезбеден со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од МРФП – Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности.

    „Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење“, кажа Станоја Станојовски од Манастирот Света Богородица Пречиста, која е дел од Земјоделската задруга Крнино.

    Дел од денешната промоција беше и посета на фармата со крави во близина на манастирот Света Богородица Пречиста, каде е инсталирана линија за молзење крави и млекарата за производство на млечни производи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира