На Мариглен Демири од Левица се изјасни за невин на денешното рочиште против него во Основниот суд Скопје 1, на кое му беше прочитано обвинението дека учествувал во толпа при демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, во протестите во април кога ги аболираше 56-темина осомничени политичари и нивни помошници од страна на СЈО.
Според проценките направени со вештачењето, Република Македонија од Демири бара 8.500 илјади евра отштета.
Но, адвокатот Сашо Дуковски го оспори вештачењето и рече дека е направено на незаконски начин.
На денешното судење дојде и претставник од Канцеларијата на Иванов. Дуковски побара да се провери полномошното што тој го доставил до судот, по што судењето се одложи на 14 март.