ПРЖИНСКОТО АД ХОК ТЕЛО ЌЕ ГО НАРУШИ УСТАВНОТО ПРАВО НА СЛОБОДА НА ПЕЧАТ

a:1:{s:9:"td_source";s:54:"Вашингтон,(ГласотнаАмерика)

    ПРЖИНСКОТО АД ХОК ТЕЛО ЌЕ ГО НАРУШИ УСТАВНОТО ПРАВО НА СЛОБОДА НА ПЕЧАТ

    Ад хок телото, кое треба да ги контролира медиумите пред изборите, нема да доведе до отворен, искрен и фер политички процес, вели Тери Мајкел од Центарот за новинарство и политика во Вашингтон во интервју за „Гласот на Америка“.
    Привременото тело е предвидено да биде од составено членови предложени од политичките партии и според Мајкел, каква било медиумска регулација ќе го наруши уставното право на слобода на печат.
    „Треба да имате гаранција за слободен печат, како што е загарантирано со Устав. Треба да бидете независни од политичките партии и лидери, и да имате култура на етичко однесување. Но, не можете да имате култура на етичко однесување, ако не сте економски независни од партиите и од Владата“, вели тој во интервјуто за „Гласот на Америка“.
    По однос на владиното рекламирање во медиумите, Мајкел, кој е основач Центарот за новинарство и политика во Вашингтон, е дециден дека нема независно новинарство со пари од Влада.
    „Мислам дека сум многу јасен на оваа тема. Ако сакате слобода на печат, тогаш треба да дозволите говор, кој можеби нема да им се допадне на луѓето. А ако Владата е вклучена во ваков процес на рекламирање, не може да не врши притисок врз печатот“, кажа тој.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари