МЕНТОРОТ НА СДСМ ВРШИ НАСИЛСТВО НИЗ ЦЕЛ СВЕТ, КАЖА ЈАКИМОВСКИ

    МЕНТОРОТ НА СДСМ ВРШИ НАСИЛСТВО НИЗ ЦЕЛ СВЕТ, КАЖА ЈАКИМОВСКИЈакимовски рече дека граѓаните кои гласале на овие избори во Карпош не ги интересираат резултати туку гласаат по некои други критериум. - Јакимовски на вчерашното гласање (Фото: Фејсбук)

    Долгогодишниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ги обвини полицијата и СДСМ за вчерашниот напад пред изборниот штаб на ГРОМ и рече дека таков е и нивниот ментор, кој што врши насилство низ целиот свет. Јакимовски не прецизираше кој е менторот.

    „Вчерашниот напад пред изборниот штаб на ГРОМ, покажува дека полицијата и криминалците се заедно, СДСМ и криминалците се заедно. Веројатно менторот им е таков, врши насилство низ целиот свет, па поддржува насилство и во Македонија, мислејќи дека така полесно ќе можат да ја зачуваат власта“, рече Јакимовски на денешната прес конференција.

    Јакимовски обвини дека лицата кои вчера го нападнале неговиот штаб се хулигани и членови на подземјето, а Министерството за внатрешни работи ги штити со тоа што наместо кривични пријави им поднело само прекршочни.

    „Тие денеска нѐ победија со над 7.500 гласа, јас СДСМ во 2103 година го победив со 11.194 гласа. Тогаш ги вознемируваа моите деца, пишуваа недолични содржини за мене, ми го труеја кучето и ми ставија венец со запалена свеќа и црн повез на кој пишуваше ‘почивај во мир Стевчо’. Четник, шајкача, Шешељ и што  сè  не кажаа во таа кампања. Ги победив и не пратив никој да ги тепа. Се носевме достоинствено со победата, како сега со поразот“, рече Јакимовски.

    Тој рече дека граѓаните кои гласале на овие избори во Карпош не ги интересираат резултати туку гласаат по некои други критериуми.

    „Граѓаните одлучуваат така како што сакаат да одлучуваат. Очигледно не ги интересираат резултати, оценуваат по некои други критериуми. Јас нивната волја ја почитувам и им го честитам изборот на нов градоначалник“, додаде Јакимовски.

    Јакимовски изгуби во првиот круг со 7.500 разлика од противкандидатот Стефан Богоев од СДСМ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира