МЕРКЕЛ ИМ СЕ ЈАВИЛА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ИМЕТО

    МЕРКЕЛ ИМ СЕ ЈАВИЛА НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА ИМЕТОМеркел и Заев за време на посетата на македонскиот премиер на Берлин на 17 мај. (Фото: Влада на РМ)

    Германската канцеларка Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдија за „Дојче Веле“ од кабинетот на канцеларката.

    За што разговарала Меркел со двајцата премиери не е соопштено, но разговорите се реализираат само два дена откако македонскиот премиер Заев на македонската јавност ѝ соопшти дека предлог-решението за името е „Република Илинденска Македонија“ и откако набрзо потоа од Атина преку соопштение на грчката влада кажа дека треба да се најде име што ќе има географска или временска одредница.

    Меркел на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија имаше одвоени средби со Зоран Заев и со Алексис Ципрас, по што порача дека се радува што слуша дека „добро напредуваат разговорите меѓу Македонија и Грција.

    „Обете земји сторија многу во правец на значителен напредок, иако сè уште не се на целта, рече таа минатиот четврток во Софија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира