МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО ОД ГОРЕШТИНИТЕ ПРОДОЛЖЕНИ ДО 25 ЈУЛИ

    МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО ОД ГОРЕШТИНИТЕ ПРОДОЛЖЕНИ ДО 25 ЈУЛИОд денес јужна Европа ќе ја зафати нов топол бран наречен Харон и температури уште повисоки од сегашните. (Фото: К. Попов)

    Поради најавените горештини и за наредните денови во земјава, продолжува важноста на препораките и мерките за време на портокалова фази, од денес (17 јули) до 25 јули, сооопшти министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
    Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

    • Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
    • Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
    • Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

    Оваа одлука е продолжување на владината одлука од 12 јули, кога беше најавено дека мерките ќе траат од 13 до 16 јули.

    Според препораките од Министерството за здравство, граѓаните не треба да се изложуваат директно на сонце од 10 до 15 часот, да носат лесна облека, капа или шешир, како и крема со заштитен фактор.

    Од денес јужна Европа ќе ја зафати нов топол бран наречен Харон и температури уште повисоки од сегашните. Европската вселенска агенција кажа дека Италија, Шпанија, Франција, Германија и Хрватска би можеле да бидат погодени од екстремни услови.

    Од високите температури лани во Европа починале 61.672 лица. Ова го покажува анализата за бројот на смртни случаи во Европа предизвикани од топлото време направена за периодот од 30 мај до 4 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира