МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА РАДИЈАЦИЈА ВО КРИВА ПАЛАНКА Е РАСИПАНА, ВИСОКИТЕ ОТЧИТУВАЊА НЕ СЕ РЕАЛНИ, ВЕЛАТ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

    МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА РАДИЈАЦИЈА ВО КРИВА ПАЛАНКА Е РАСИПАНА, ВИСОКИТЕ ОТЧИТУВАЊА НЕ СЕ РЕАЛНИ, ВЕЛАТ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕОд Институтот за јавно здравје велат дека заради технички неправилности мерните станици во Крива Паланка и Берово се на поправка. - Мапите со ниво на радијација на европскиот мониторинг и на Институтот за јавно здравје (Фото: СДК.МК)

    Мерната станица за јонизирачко зрачење во Крива Паланка е расипана и високите отчитувања не се реални, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). На социјалните мрежи вчера се рашири скриншот од податоците од европскиот мониторинг за радиоактивно влијание во животната средина дека има енормни отчитувања на радијација во Крива Паланка. Овој сајт ги влече податоците од мерењата на Институтот за јавно здравје.

    На сајтот на Институтот за јавно здравје е објавено известување дека заради технички неправилности мерните станици во Крива Паланка и Берово се на поправка и дека отчитувањата со високи пикови не се резултат на реално измерена доза на јонизирачко зрачење.

    „Заради технички неправилности во својата работа, две од мерните станици во Крива Паланка и во Берово се во фаза на поправка. Отчитувањата во кои имаше пикови, не се резултат на реално измерената доза на јонизирачко зрачење. По нивната поправка, ќе следи ново соопштение“, стои во известувањето од ИЈЗ објавено на нивната веб страница на 20 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира