МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО ВРАТИМЕ И СО ПАРИТЕ ЌЕ КУПИМЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, КАЖА ЗАЕВ НА МИТИНГОТ ВО СКОПЈЕ

    МЕРЦЕДЕСОТ НА ГРУЕВСКИ ЌЕ ГО ВРАТИМЕ И СО ПАРИТЕ ЌЕ КУПИМЕ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА, КАЖА ЗАЕВ НА МИТИНГОТ ВО СКОПЈЕПремиерот најави дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО и правна држава. - Зоран Заев прави селфи на бината (Фото: Ѓ. Личовски)

    СДСМ и коалицијата вечерва пред Влада го одржаа главниот предизборен митинг на кој што ги претставија кандидатите за градоначалници за Скопје и останатите градови. Премиерот Зоран Заев рече дека токму пред Владата ја почнале борбата против режимот, а на овие локални избори ќе ја заокружат со победа во сите општини.

    „Во изминатите 4 месеци покажавме како се работи чесно и домаќински. Заштедените 45 милиони евра ваши пари, ги пренасочивме за стечајните работници, воведовме минимална плата, евтина струја, за укинување на радиодифузната таква. Да ви најавам дека тенкот, мерцедесот на Груевски од 600.000 евра ќе го вратиме и со парите ќе купиме амбулантни возила за клиниките“, рече Заев.

    Тој најави дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО и правна држава.

    „Правдата е спора, во Македонија уште поспора, но ви давам збор дека правда ќе има“, кажа Заев и најави дека централната власт ќе им помага на сите општини а Скопје ќе стане модерен и чист град.

    На митингот говореше и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Тој најави дека за 4 години Скопје ќе биде зелен град, мерки против загаденоста на воздухот, а во 2018 година ќе започне гасификација на градот и тоа најпрво во оние населени места кои не се приклучени на топлификационата мрежа. Шилегов вети пробивање на нови сообраќајници кои ќе ги поврзуваат дирекно сите страни на градот и ќе овозможат намалување на сообраќајниот хаос.

    „Ќе овозможиме да се засади дрво за секое новороденче. Секој граѓанин ќе си има свое дрво кое ќе си го негува, а Скопје конечно ќе има зеленило какво што му треба“, рече Шилегов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира