МЕРЦЕДЕСОТ УШТЕ НЕ Е ЗА ПОКАЖУВАЊЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ

    МЕРЦЕДЕСОТ УШТЕ НЕ Е ЗА ПОКАЖУВАЊЕ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИПремиерот Зоран Заев пред два дена го повика министерот Оливер Спасовски да го покаже луксузниот мерцедес од 600 илјади евра и откри дека бил оставен во гаража,запуштен и изгребан од мачки - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (Фото:СДК:МК)

    Кога ќе оцениме дека треба да го покажеме мерцедсесот, ќе го покажеме, а тоа ќе биде брзо, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

    „Јас дадов ветување уште кога бев министер во пржинската влада дека прва работа ќе биде да го покажеме мерцедесот на јавноста и на новинарите за кого се шпекулира во јавноста“, рече министерот Спасовски.

    Премиерот Зоран Заев пред два дена го повика министерот Оливер Спасовски да го покаже луксузниот мерцедес од 600 илјади евра и откри дека бил оставен во гаража, запуштен и изгребан од мачки.

    Заев рече дека мерцесесот не планираат да го продадат туку ќе се користел за странски делегации и нема да го користат ниту тој ниту министрите.

    „Ако го продаваме, тој чини 585 илјади евра. Можеме да го продадеме околу 400 илјади. Многу губиме. Затоа одлучивме тој да се користи за потребите на меѓународни делегации. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓа скапиот мерцедес“,  рече премиерот Заев.

    Мерцедесот што за потребите на Владата ги купило Министерството за внатрешни работи беше откриен од прислушуваните разговори во неколку муабети што ги правеле тогашната министерка Гордана Јанкулоска со тогашниот премиер Никола Груевски и со тогашниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков.

    Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски.  На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира