МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИ

    МЕСТО ДА ДОНЕСЕ ПРЕСУДА, СУДОТ ОДЛУЧИ ОДНОВО ДА ИМ СЕ СУДИ НА МИЈАЛКОВ И АЛФИТЕ ЗА АПСЕЊЕТО НА БОШКОСКИМијалков на изрекување на пресудата за случајот „Трезор“. (Фото: СКД.МК)

    Во Основниот кривичен суд денеска требаше да биде изречена пресуда за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за апсење на Љубе Бошкоски со примена на тортура, нехумано постапување и понижување, но судијката Александра Ристеска кажа дека судскиот совет со кој таа претседава оценил дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одредени прашања.

    Потоа, закажа повторно отворање на главната расправа за предметот на 8 јули.

    Судењето за „Тортура“ почна во март 2018 година, а веќе еднаш почна одново, во октомври 2019 година, поради смена на поротник и изминати 90 дена од последното рочиште.

    Мијалков досега е неправосилно осуден на 12 години затвор во „Тврдина-Таргет“ за масовното незаконско прислушување и на 8 години затвор во „Трезор“ за незаконска набавка на софтвер за следење електронски комуникации.

    Во случајот „Титаник 2“ беше првостепено осуден на три години затвор, но Апелација го врати на повторно судење. Мијалков е обвинет и во случаите „Плацеви на Водно“ и „Империја“.

    Мијалков е во притвор во Шутка од 25 февруари, по изрекувањето на првостепената пресуда за „Тврдина-Таргет“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира