МИ ГИ ПАЛЕА СЛИКИТЕ, А САМО ЈАС БЕВ ИНСТИТУЦИЈА, СЕ ПОЖАЛИ ИВАНОВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИ ГИ ПАЛЕА СЛИКИТЕ, А САМО ЈАС БЕВ ИНСТИТУЦИЈА, СЕ ПОЖАЛИ ИВАНОВ

    Претседателот Ѓорге Иванов вели дека со одлуката за помилување во април понудил решение на кризата во период кога, како што кажа во годишното обраќање, тој бил единствената легитимна институција во државата.

    „Сето ова што ни се случуваше неминовно водеше кон граѓански конфликт. Во такви сложени услови, како претседател бев единствената институција со легитимитет и овластувања да носи одлуки и место да бидам пасивен набљудувач на отворен судир, понудив решение за кризата. Понудив помирување преку помилување на сите кои на еден или друг начин се вклучени во политичката криза“, кажа Иванов од претседателската вила на Водно, место од собраниската говорница, како што е традиција.

    Иванов се пожали дека по помилувањата на 56 лица некои му ги палеле сликите и кршеле народни канцеларии, иако „помилувањето беше единствениот мирен начин да се замрзнат непријателските намери меѓу спротивставените страни и да се избегне анархија“.

    „Сепак, таквиот начин на решавањето на политичката криза не беше прифатено од дел од јавноста и штом се создадоа законски услови за тоа, ги повлеков дадените помилувања“, додаде Иванов.

    За Специјалното јавно обвинителство Иванов рече дека е политизирано и дека дејствува селективно со уцена на политички противници. Од новата влада Иванов побара да се спроведе попис, а лидерството на СДСМ и ВМРО-ДПМЕ го повика на национално помирување и здружување за исполнување на македонските интереси. Иванов ги повика шесте лидери на парламентарните партии да покажат одговорност и што поскоро да потпишат обврзувачка декларација за посветеноста на евроатланската агенда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира