МИЛА ЦАРОВСКА ГО ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ НА ДИМЕ СПАСОВ ЗА БЕСПЛАТНИ БАЊИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

    МИЛА ЦАРОВСКА ГО ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ НА ДИМЕ СПАСОВ ЗА БЕСПЛАТНИ БАЊИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕМинистерството за труд и социјална политика обезбеди 35 милиони денари за продолжување на проектот. - Мила Царовска и Диме Спасов (Фото: СДК)

    Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, продолжува со реализацијата на проектот „Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија“.

    Станува збор за проектот што го воведе претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога со Министерството раководеше Диме Спасов. Но, за разлика од досега, оваа услуга отсега ќе можат да ја користат пензионери, кои во ноември примиле пензија во висина до 17.000 денари.

    Почнувајќи од 15 јануари, па до 15 февруари, сите заинтересирани корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија кои живеат во Македонија ќе можат да поднесат барање во филијалите на Фондот.

    Посета на бања ќе може да се искористи еднаш, во период од март до ноември 2018 година, во траење од седум дена.

    Министерството за труд и социјална политика обезбеди 35 милиони денари и три милиони денари за превоз за покривање на оваа услуга.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира