МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР ПО ТРИ ГОДИНИ

    МИЛЕ ЈАНАКИЕСКИ ИЗЛЕГУВА ОД КУЌЕН ПРИТВОР ПО ТРИ ГОДИНИЈанакиески е обвинет во случаите „ТНТ“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“, и „Шпански скали“. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот министер Миле Јанакиески по три години во притвор и куќен притвор ќе продолжи да се брани од слобода во предметите во кои е обвинет, како „ТНТ“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“, и „Шпански скали“, одлучи Апелациониот суд Скопје. Судот ја уважил неговата жалба да биде укината мерката куќен притвор, а место тоа му одреди поблаги мерки на претпазливост: Забрана за напуштање на територијата на РСМ и Град Скопје, Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за издавање на друга патна исправа.

    „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 3/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како
    „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор. Според решението на Апелациониот суд, на обвинетиот му се определуваат мерки за претпазливост, односно: Забрана за напуштање на територијата на РСМ и Град Скопје; Обврска обвинетиот да се јавува во судот и Забрана за издавање на друга патна исправа“, ја објави одлуката на повисокиот суд Основниот кривичен суд Скопје.

    Јанакиески беше притворен во Шутка во ноември 2018 година, веднаш по бегството на Никола Груевски во Будимпешта, поради опасност од бегство. Во август 2019 година беше пуштен во куќен притвор, од здравствени причини.

    Јанакиески досега е неправосилно осуден на 6 години и три месеци затвор во случајот „Организатори на 27 април“, како и условно во случајот „Насилство во Општина Центар“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира